
Систем за евиденција на работно време претставува систем кој што води евиденција за времето на влез и излез на вработените. Овој систем дозволува зголемена контрола и поголема продуктивност во една компанија.
Како функционира еден систем за евиденција на работно време?
Кога тагот или картичката е доближена до читачот, тој ги испраќа информациите до високо сигурен процесор. Процесорот прави споредба на информацијата во меморијата на системот и информацијата на тагот или картичката, доколку овие 2 информации се идентични влезот во просторијата односно информацијата е евидентирана во ситемот. Системот за евиденција на работно време покрај овие физички уреди се состои и од софтвер кој што го меморира секој влез или излез. Од информациите кои што ги добиваме се добива детална информација за тоа колку работни часови има еден вработен, колку пати задоцнил и сл.
