Интелигентни алармни системи за компании, институции и приватни објекти
Напредна заштита за модерни објекти
Алармни системи со можност за интеграција, автоматизација и целосна контрола од далечина.
ИЗБЕРЕТЕ ГО БЕЗБЕДНОСНИОТ СИСТЕМ ОД

КОЈ НАЈМНОГУ ОДГОВАРА НА ВАШИТЕ ПОТРЕБИ!
Алармните системи се наменети за детекција на неовластен пристап или присуство на натрапник во објект под надзор. Покрај основната функција за заштита од кражба и провала, системите овозможуваат и рана детекција на ризици како пожар, поплава и истекување на гас.
При детекција на настан, системот автоматски активира алармна сигнализација (звучна и/или светлосна), врши известување до дефинирани корисници, мониторинг центар или надлежни служби, и по потреба иницира контролирано исклучување на електрична енергија, водоснабдување или гас, со цел намалување на потенцијалната штета.
Интелигентните алармни системи SATEL обезбедуваат интегрирана заштита на станбени, деловни и индустриски објекти, со високо ниво на сигурност, модуларност и можност за интеграција со други технички системи.
Системите поддржуваат дополнителни функционалности, вклучувајќи контрола на пристап, автоматизација на објекти и централизирано управување со технички системи (осветлување, HVAC и сл.).
- поделба на системот на максимум 4 партиции
- поддршка за до 64 детектори
- контрола на системот со користење на до 4 тастатури на допир или LCD тастатури
- компатибилен со безжични уреди ABAX 2 и MICRA
- извршување на основни функции за автоматизација на објекти
- поделба на системот на максимум 2 партиции
- поддршка за до 30 детектори
- контрола на системот со тастатура на допир, или LCD тастатури (максимум 4)
- компатибилен со безжични уреди на системот ABAX 2 и MICRA
- извршување на наједноставните функции за автоматизација на објекти
- поделба на системот на максимум 32 партиции
- поддршка за до 256 детектори
- контрола на системот со тастатура на допир, или LCD тастатури (максимум 8)
- компатибилен со безжични уреди од системот ABAX 2
- напредни функции за автоматизација на згради
- можна интеграција со системот за контрола на пристап ACCO NET, уредите за автоматизација KNX и друго
- HUB – Се во едно – модерно решение за алармен систем комбинирајќи ја заштитата и автоматизацијата на објектите
- тестирана и напредна ABAX 2 безжична технологија
- едноставно креирање на автоматска логика
- брза инсталација и креирање на сценарија; идеален безжичен аларм
- безжични решенија за контролните панели INTEGRA, INTEGRA Plus, VERSA и PERFECTA 64 M.
- ABAX 2 е компатибилен и со кој било друг контролен панел или контролер за автоматизација, а во некои случаи може да работи целосно автономно.
- Двонасочна радио комуникација
- 4 канали за автоматски избор на најдобра фрекфенција
- Опсег на радио комуникација до 2000m
- Напредните механизми за заштеда на енергија овозможуваат долготрајно работење на батеријата
ДОМАШНА АВТОМАТИЗАЦИЈА– SMART HOME СИСТЕМИ
Современата домашна автоматизација овозможува централизирана контрола на домот или деловниот простор преку едноставен и интуитивен систем.
Со контролните панели Satel INTEGRA, вашиот објект станува паметен, безбеден и енергетски ефикасен.
Нудиме професионални Smart Home решенија кои обединуваат алармен систем, автоматизација и далечинска контрола преку мобилен телефон или таблет, во едно интегрирано решение.
Што овозможува домашната автоматизација?
- Контрола на осветлување – прилагодување на светлосни сцени и атмосфера со едно допирање
- Контрола на гаражна и влезна врата – управување преку мобилен или далечински управувач
- Контрола на греење и климатизација – оптимизирање на потрошувачка на енергија
- Контрола на наводнување – автоматско управување со тревници, градини и растенија
- Симулација на присуство – вклучување/исклучување на осветлување за безбедност кога не сте дома
АлармНИ китови од 
Алармните китови од DAHUA претставуваат флексибилен и проширлив систем за заштита на домови или викенд-објекти. Системот се состои од контролна централа (hub), ПИР детектори за движење, магнетни сензори за врати и прозорци, како и далечински управувачи, со можност за додавање на дополнителни уреди, како сирени и други сензори, што овозможува прилагодување според специфичните потреби на просторот.
Преку мобилна апликација се овозможува управување со алармниот систем, прием на известувања во реално време, како и интеграција со системи за видео надзор.
Функциите за двонасочна комуникација, SOS итен повик и cloud ажурирања обезбедуваат дополнително ниво на сигурност и навремена реакција. Системот располага и со вградена батерија, што овозможува непречена работа и заштита дури и при прекин на електричната енергија.
Алармниот систем вклучува:
Контролна алармна табла
Контролни уреди
Детектори
Сигнални уреди
Комуникациски модули
Напојувања