Дополнителна банкарска опрема – детали

Дополнителна банкарска опрема

детали

Дополнителна Банкарска опрема

Покрај професионалните машини за обработка на банкноти и кованици, кај нас можете да најдете и професионални автоматски детектори за проверка на автентичноста на банкнотите од брендот Masterwork Automodules, различни модели на детектори со УВ ламби од брендот  DoCash, сигурносни кеси за транспорт на пари, сефови во различни големини и брави за хотелска и домашна употреба, пултни благањи, временски кеси и што уште не…

Автоматскиот детектор PD-100 Masterwork Automodules, работи на принцип: ставате банкнота детекторот ја повлекува низ неговите скенери, доколку банкнотата е во ред ја поминува со што на екранот ја испишува номиналната вредност на проверената банкнота, а доколку банкнотата е сомнителна по некој основ ( УВ, МГ, СЛИКА или сл.) банкнотата ја враќа назад и на екранот ја испишува причината за отфрлање. Тоа не е 100% доказ дека банкнотата е фалсификат,  туку дека е сомнителна. Утврдувањето дали една банкнота е фалсификат или не ја прави НБРМ. Автоматските детектори се прераснати во неопходни средства за работа во трговски центри, маркети, бутици, парфимерии, бензиски станици, патарини, ресторани, наплатни центри… со постојана тенденција на зголемување на нивната примена од страна на правните субјекти од различни области. Нивната мобилност, можноста за работа на батерии-без кабел, ги прави подобни за сите мобилни бизниси.

Овој модел е софтверски кој нуди проверка на автентичноста на банкнотите од 5 валути со можност, за промена или дополнување на валути согласно Вашите потреби.

Детекторите со УВ ламби Ви овозможуваат да ги проверувате УВ заштитите на банкнотите. Едноставни за употреба, компактни и практични.

Сигурносни кеси за транспорт на пари за еднократна употреба во различни големини. Сигруносните кеси ги користат CIT комапаниите, банките и другите финансиски субјекти. Еднократната употреба овозможува сигурност на средствата при транспорт. Откако еднаш ќе се отвори, на кесата се појавува боја која не може да се избрише. Секоја кеса има свој единствен сериски број, полиња за внес на податоци, назив на компанија, одговорно лице, спецификација на содржината, датум и поле за забелешки.

Сигурносни сефови со механички и електронски брави, во различни големини. Погодни за домашна употреба, хотели, маркети, канцеларии и сл. Исто така Ви нудиме и пултни благањи и временски каси со максимална заштита од кражба.

Временските каси се поддесуваат да можат да се отворат само во определен временски период.

Напишете коментар