Дознајте зошто домашната автоматизација на INTEGRA е за Вас!

CategoriesБлог

Само замислете…

Станувате наутро за на работа, разбудени од звукот на вашата омилена песна, додека INTEGRA го има вклучено вашето греење на комфортен режим, а завесите од вашите прозори се отвараат автоматски, дозволувајќи на првите сончеви зраци да влезат во вашата спална…  

Звучи како приказна која е премногу добра за да биде вистинита?! Се’ ова, а и многу повеќе добивате со системот за домашна автоматизација INTEGRA.

Интензитетот и типот на светлина секогаш ќе одговараат на вашето расположение!

Само со еден клик може да изберете одредена светлосна сцена.

Интелигентниот систем ќе ви заштеди на трошоци, со тоа што автоматски ќе ги исклучи уредите кои не мора да работат додека вие не сте во домот, а во зима греењето ќе го стави на EKO режим за да заштеди енергија. 

Достапните функции на системот ви овозможуваат, на пр. контролирање на отворањето  на влезните или гаражните порти. Тие можат да бидат отворени со помош на универзални далечински управувани клучеви или мобилни телефони.

Ова решение го ограничува бројот на уреди кои морате да ги држите при рака. Паметниот систем, исто така, се грижи за зелените површини. Контролните панели на INTEGRA ви овозможуваат да контролиратен процесот на наводнување со што нема да мора да се грижите за тоа дали сте ја заборавиле градината. 

За време на поголеми отсуства, системот е во состојба да симулира присуство на членови на домаќинството, што може да ги обесхрабри потенцијалните провалници.
Апликацијата за мобилен Integra Control ви овозможува да бирате помеѓу повеќе достапни режими според кои вашиот смарт дом ќе се прилагоди.

Доколку излегувате од дома, за на работа или било каде, одберете режим  “Leaving the house” на тастатурата и системот ќе почне да ги спроведува командите.
Сакате да гледате филм како во кино, но не ви се излегува?

Нема проблем, одберете “Movie Night” и самиот систем ќе ви создаде ефект како во кино.
Кога одите на одмор, одберете  “Vacation” режим на тастатурата и вашиот систем за автоматизација ќе ви овозможи услови за спокоен одмор. 

Веќе нема да мора да се грижите за наводнувањето на вашата градина и растенија. Со смарт системот на INTEGRA, ќе може да го контролирате наводнувањето од било кое место на кое се наоѓате. Достапните функции на овој иновативен систем ви дозволуваат контролирање на отварањето и затворањето на гаражната врата без никаков проблем. 

Спуштање и кревање на ролетните за подесување на светлината во просториите.


• апликацијата INTEGRA CONTROL е достапна за системи за iOS и Android;
• поддршка за контрола на активација/деактивација на алармен систем;
• менија за брз пристап за вршење на низа активности;
• инстант PUSH известувања за системски настани;

Напишете коментар