ADRIA SECURITY SUMMIT – НАЈГОЛЕМИОТ САМИТ ЗА БЕЗБЕДНОСНА ОПРЕМА
ДТУ Визард Системи ДООЕЛ како сребрен спонзор, учествуваше на најголемиот самит за компании кој се занимаваат со безбедносна опрема и обезбедување – Adria Security Summit кој се оддржа во Александар Палас. Овој настан беше наменет за компании од балканскиот регион но и пошироко.
Визард Системи учествуваше со два посебни штанда каде можеше да се види асортиманот на мрежната опрема на турската компанија која ги произведува “Racksis” кабинетите, како и интелигентните алармни системи на нашите партнери од Полска- “Satel“.
Во склоп на самиот настан, нашиот тим со партнерите од полска “Satel”, оддржаа презентација во салата Инспектор Клузо, вториот ден од самиот настан. Фокусот на презентацијата беше околу можностите на новиот ДВОНАСОЧЕН БЕЗЖИЧЕН СИСТЕМ – ABAX 2.
ABAX 2 е идеален како безжично решение за алармни системи засновани на контролните панели INTEGRA, INTEGRA Plus и VERSA. Кога се користи со овие уреди, ја добива својата целосна функционалност и ги нуди своите најдобри можности на корисниците. Покрај тоа, ABAX 2 може да работи заедно со било која алармен контролен панел или домашна автоматика, а во одредени случаи може да работи и во режимот на поединечен систем (stand-alone mode).
Покрај презентацијата на Адриа самитот, на ден 21.09.2019 год. (сабота), беше оддржана и обука за користењето и можностите на системот ABAX2 во просториите на Визард Системи. На обуката беа присутни околу 25 соработници на Визард Системи како и нашите професионални тимови за инсталација и монтажа на алармните системи и партнерите “Satel”.