Maшини за обработка на банкноти – детали

Maшини за обработка на банкноти

детали
MA masini

Машини за броење и сортирање на банкноти

Како ексклузивни застапници на светскиот бренд за банкарска опрема MASTERWORK AUTOMODULES, нудиме повеќе модели на машини за обработка на банкноти од NC серијата како што се: NC 3500, NC 6000, NC 7100 и NC 8500.

Сертифицирани од ЕЦБ и НБРМ.

Станува збор за софистицирани, софтверски машини за обработка на бакноти кои беспрекорно исполнувајќи ги критериумите, на тестирањата од страна на ЕЦБ и НБРМ, континуирано се наоѓаат на Листите на успешно тестирани машини за обработка на банкноти.

Во софтверот на машините се вклучени пет валути кои се избрани како најкористени во наши простори и тоа: MKD, EUR, USD, CHF, GBP, со можност за промена на веќе постоечките или додавање на дополнителни валути покрај постоечките согласно Вашите потреби.

Нудиме максимална софтврска и техничка поддршка.

Секогаш први ги инкорпорираме  новите деноминации во софтверот на машините со што машините се оспособени да ги препознаваат новите пари пред тие да излезат во оптег.

Овие модели на машини за обработка на банкноти, се оспособени за обработка и на полимерни банкноти.

Сите модели на бројачи имаат опција за поврзување на надворешен екран за читање на резултатите од броењето што е мошне корисно за шалтерските машини, за приказ на резултатите на клиентите од другата страна. Исто така имаат опција за поврзување на термален принтер за принтање на резултатите од броењето.

 

Нашите бројачи ќе Ви помогнат да го изброите точниот број на

банкноти, да ја пресметате точната вредност, да правите пачки уредно подредени по лице и ориентација. Да пребројувате со различни модови: микс, деноминација, лице, ориентација, FIT & UNFIT, притоа правејќи ги сите овие функции машината се грижи за валидноста на банкнотите, доколку наиди на сомнителна банкнота алармира покажувајќи ја причината за неподобност

Во време кога бројот на фалсификувани бакноти во оптег, рапидно расте, притоа фалсификати  кои со голо око се непрепознатливи, од круцијално значење е употреба на професионални сертифицирани машини за обработка на банкноти. Користњето на професионални машини за обработка на бакноти, ќе Ве заштити од опасноста да Ви бидат подметнати фалсификувани пари. СЕРТИФИЦИРАНИТЕ МАШИНИ ЗА ОБРАБОТКА НА БАНКНОТИ ВО НБРМ СЕ СЕКОГАШ ПРАВИЛЕН И СИГУРЕН ИЗБОР!