КОНТРОЛА НА ПРИСТАП

Систем за контрола на пристап имплементиран во една компанија овозможува прецизно дефинирање на правилата за пристап на персоналот до одделни простории.

Ова овозможува да се ублажи ризикот од губење на материјалните средства, како и неовластен пристап до доверливи и класифицирани информации. Системот за контрола на пристап е широко употребуван во банки, трговски центри, училишта, аеродроми, канцеларии итн.

Системот функционира така што на одредени личности во дефинирани временски периоди им се дозволува влез на врата од канцеларија, магацин, користење на лифт и др.

Секое поминување на таа личност автоматски се евидентира. За идентификација на личноста може да се користи: Картичка, привезок, отпечаток на прст или пин код. Како елемент на системите за електронска заштита, системот за контрола на пристап совршено го дополнува системот за детекција на упад.

НОВО ВО ВИЗАРД СИСТЕМИ

RISE е компанија во групата Benincà специјализирана за безбедносни системи. Преку производство на автоматски, полуавтоматски, фиксни столбови(боларди) се занимава со регулирање на движењето на возилата и луѓето дневно обезбедувајќи јавни, индустриски или приватни објекти.

FORCE525
FORCE525I
VIGILANT800
FIX500I
FIX500
FIX800
RANGER500
MAXIMUM-04
RTF-1-3-ON