Face detection или Face recognition е нешто што сè повеќе го среќаваме во спецификациите за видео надзор. Безбедноста на јавни места, но и на приватни имоти честопати предизвикува загриженост.
Политичарите и јавните личности најчесто се загрижени за безбедноста, но не се единствените. Секоја компанија и организација, и на крајот секој од нас, се грижи за сопствената безбедност. Затоа престижните производители на опрема за видео надзор започнаа да спроведуваат разни интелигентни функции, како што се функциите за Face recognition или Face detection.
Камерите со висока резолуција овозможуваат квалитетни снимки, дури и во услови на слаба видливост. Интелигентните анализи го препознаваат полот, возраста, изразот на лицето (среќен, тажен, изненаден, смирен, лут), па дури и лицето зад очилата, мустаќите, брадата или маската што ја носи лицето преку устата.
Ова го олеснува и забрзува пребарувањето на луѓе кои се од интерес. Иако оваа одлика е првенствено корисна затоа што значително ја зголемува безбедноста, таа исто така им овозможува на компаниите да ја прошират и персонализираат својата понуда.
Побарајте понуда 📄
Побарајте професионална понуда од моделите на Dahua.
E-mail: contact@wizard.com.mk
VIP / Black List (Црна Листа)
На пример, опцијата за откривање на лице ви овозможува да креирате црна листа и ВИП-листа. Се формира таканаречена библиотека со податоци, и во согласност со нив, на некого може да му биде забранет влез, додека пак од друга страна, „вратата“ за некого ќе биде ширум отворена.
Dahua системите на пример, поддржуваат бази на податоци со 10.000 фотографии од луѓе. Системот автоматски ги отфрла нејасните и лошите фотографии, зафаќајќи помалку простор. Овие бази на податоци можат да бидат оптимизирани и прилагодени според вашите потреби.
На црната листа може да бидат оние со кои претходно сте имале проблеми како грабеж, тепачки, кавги… Кога камерите на аеродромот, казиното, трговскиот центар или банката препознаваат некого од црната листа, тие веднаш ќе ја предупредат безбедноста и со тоа да спречат дополнителни, непосакувани проблеми.
Од друга страна, ВИП-листата може да вклучува редовни клиенти, важни клиенти, односно оние на кои треба да им се посветите и кои не сакате да ги изгубите поради слаба или бавна услуга. Во болниците и установите за долготрајна нега, препознавањето на лице може да ја подобри грижата за пациентот. Ова може да биде особено корисно во грижата за пациентите со деменција, кои можат полесно да бидат повредени или изгубени.
Доколку сеуште сте неодлучни околу изборот или пак барате консултација околу системите за видео надзор, можете да не контактирате на следната email адреса: contact@wizard.com.mk ;
Целиот ценовник за видео надзор можете да го погледнете тука.