На 30 октомври 2024 година се одржа едукативниот семинар посветен на опремата од италијанскиот производител Farfisa. Главен предавач беше техничкиот експерт Lorenzo Gambetti, кој ги презентираше најновите решенија во домофонијата и видеодомофонијата, како и напредните технички можности на Farfisa системите.
Учесниците имаа можност да разменат искуства, да поставуваат прашања и да се запознаат со практични начини за поефикасно искористување на функционалностите што ги нуди Farfisa Intercoms.







