Едукативна обука за Uniview опремa

На 22 ноември 2024 година успешно ја реализиравме едукативната обука посветена на најновите решенија и технологии од брендот Uniview.

Настанот беше воден од Мирко Радуловиќ и Владан Татиќ, кои ги презентираа иновациите, напредните функционалности и техничките предности на Uniview опремата.Учесниците имаа можност да се запознаат со современите трендови во видео-надзорот, да разменат професионални искуства и да поставуваат прашања директно до експертите.

Особено внимание привлече и наградната игра – квиз, во кој најдобрите учесници освоија Uniview камера како подарок, додавајќи дополнителна динамика и мотивација на настанот.Им упатуваме искрена благодарност на сите присутни за активното учество и довербата. Вашиот ангажман го направи настанот успешен и вреден за паметење.


Сподели:

Поврзано