Интернетот на нештата, или како што му е официјалната кратенка IoT, полека навлезе во секој сегмент од нашите животи.
Фразата “Internet of Things” за првпат е употребена од Кевин Аштон, во 1999 година, како наслов на презентацијата која ја одржал во фирмата Проктор и Гембл (Procter & Gamble). Додека бил вработен во таа компанија, Аштон дошол до идеја да стави RFID (технологија), интелигентен бар-код, на секој кармин што ќе го произведат, за да добијат информација во секој момент колку производи се продадени, односно кога е потребно да се дополнат полиците на одредено продажно место. Потврдил дека овие податоци можат да решат многу проблеми од секојдневниот живот.
Што значи “IoT”?
IoT (Internet of Things) значи поврзување на уредите заедно. HDCVI-IoT е IoT инфраструктура базирана на HDCVI технологијата, нудејќи сеопфатен екосистем кој ги поврзува конвенциалните HD-over-Coax видео и аудио податоци со сензорни информации (како што се температура и влажност) и аларми. Ова им овозможува на корисниците да добијат потенцијални ризични предупредувања со визуелен доказ, овозможувајќи им да го заштитат персоналот и имотот во сите димензии.
УСПЕШНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО СО ПАМЕТНА ТЕХНОЛОГИЈА
HDCVI-IoT ЈА подобрува ефикасноста НА производството на земјоделските АКТИВНОСТИ. ЗА РАЗЛИКА ОД мануелната работа , HDCVI-IoT помага при пренесување на информации за температуратата и влагата со помош на видео записи. Откако еколошките параметри ќе го надминат поставениот параметар, системот предизвикаува звучен аларм, ги приклучува светлата, ја вклучува климатизацијата, водените прскалки и други регулатори.
УСПЕШНО МАГАЦИОНИРАЊЕ СО ПАМЕТНА ТЕХНОЛОГИЈА
Со HDCVI-ioT климатизираното складиште е во состојба да спречи кражба при следење на условите за складирање. Службата за безбедност автоматски предупредува при настани како кражба или упад и ги известува сите со видео доказ за верификација. Магацините веќе опремени со аналогни системи може лесно да се надградат до HDCVI-IoT со малку трошоци.
РЕШЕНИЈА ЗА СЕЧИЈ БИЗНИС
HDCVI-IoT обезбедува сеопфатен надзорен систем за секакви потреби, како што се продавници и канцеларии, или за домашна употреба. HDCVI алатката поврзува разни безжични алармни уреди, како што се детектори за чад или контакти за врати, овозможувајќи моментален видео приказ на објавениот аларм.