ПРЕДНОСТ НА "IP" НАД "АНАЛОГНИТЕ СИСТЕМИ" ЗА ВИДЕО НАДЗОР

ПРЕДНОСТ НА “IP” НАД “АНАЛОГНИТЕ СИСТЕМИ” ЗА ВИДЕО НАДЗОР

CategoriesБлог

Предноста на IP над аналогните CCTV камери е очигледна пред се во однос на подобриот квалитет на сликата. На крај, намената на системот на видео надзор е јасно да се забележи се што се случува. Сте слушнале ли некогаш дека некој е фатен и препознаен при вршење на нелегално дејство од систем со аналогни камери?

Најчесто сликата од ваквите системи е замачкана и некорисна за полицијата. Факт е дека традиционалните CCTV камери го достигнаа крајот на својата еволуција и не можат да се натпреваруваат со високата резолуција на IP камерите.

Замислете како би изгледала разликата во сликите доколку беше употребена 10 Мегапикселна IP камера! Ова го потврдува фактот дека аналогните камери се далеку надминати.

Јасност на слика при надзор на подвижни објекти


Дури и кај аналогните камери со највисоки резолуции кои постојат, јасноста на сликата при снимање на подвижни објекти, како човек што трча или кола во движење, претставува голем проблем. Ова е поради фактот што аналогниот систем, дури и кога се снима на DVR, врши интегрлација за да создаде слика, односно парните и непарните линии од сликата се прикажуваат како две слики една по друга што создава замачканост. Разликата од снимената слика со дигитална и аналогна камера е прикажана на следнивa слика:


NVR наспроти DVR

Mногумина тврдат дека DVR системот за снимање по карактеристики е ист како мрежниот видео сервер. Иако квалитетот на снимката кај DVR-от, бидејќи записот е дигитален, е многу поквалитетен од системите базирани на VHS, сепак бидејќи сигналот не е дигитален истите не можат да се класифицираат како IP. IP базираниот видео сервер има многу карактеристики кои се значително подобри од DVR системот: многу е поедноставен, лесен за употреба од страна на корисникот, поседува значително поголемо време на снимање, поседува многу понапредни можности за пребарување, можност за WEB базирано следење и напредна контрола на пристап.

Сумирано, останати предности на IP базираните системи за видео надзор над аналогните се следните:

1) Кај системите засновани на IP камери вмрежувањето е поедноставно, можат да се искористат и постоечки IP мрежи, а со самото тоа, истото е пофлексибилно (поедноставно е преместувањето на друго место) и поевтино. Во голем број на случаи оваа цена ја компензира нешто поголемата цена на чинење на IP камерите.

2) Поради начинот на пренос на сигналот, кој кај IP камерите е дигитален, тие се многу поотпорни на шумов, брум и разни електромагнетни влијанија во однос на аналогниот пренос, кај кој вакви влијанија можат значително да го нарушат квалитетот на сликата. Кај IP камерите енкрипцијата на преносот е едноставна и преносот на поголеми растојанија е лесно решлив.

3) IP камерите претежно имаат многу повеќе функции и можности кои тешко се имплементираат кај аналогните камери:

  • a) Дневен и Ноќен режим на снимање (Day/night камери поедноставно и подобро се решени од аналогните),
  • b) Сензори на движење кои локално можат да вклучат некоја функција,
  • c) Директна контрола и дигитален зум на сликата,
  • d) Двонасочно аудио и др.

2MP IP Camera B1A20P

2MP Bullet Wi-Fi Camera G26-0280B

8MP Bullet Network HFW2831TP-ZS



ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ПОНУДЕНИТЕ ОПЦИИ НА ВИДЕО НАДЗОР

Напишете коментар