Како термалните камери можат да помогнат во спречување на ширењето на COVID-19?

CategoriesБлог

Термалните камери играат важна улога во процесот на спречување на ширењето на COVID-19. Властите низ целиот свет бараат најсоодветно решение за настанатата состојба со епидемијата на коронавирус (COVID-19).

Овие камери овозможуваат термичко сликање на телесните температури, што може брзо и точно да ги идентификува луѓето со треска, што е еден од клучните симптоми на COVID-19.  Овие решенија можат да им обезбедат на организациите дополнителена заштита од зголемена изложеност на коронавирусот.

Tермални решенија за мерење на температура

Термалните  камери можат да им помогнат на организациите да ги идентификуваат луѓето што ги покажуваат овие симптоми, но не дијагностицираат или третираат COVID-19.

Меѓутоа термалните камери имаат клучна улога и голема важност во целокупниот процес

Всушност, тие обезбедуваат ефикасен метод за проверка на телесната температура, можат да го сторат тоа побрзо од рачните термометри или скенери и на поголема (потенцијално побезбедна) далечина.

Се препорачува поддршка на вработените и оние кои не се чувствуваат добро да останат дома во самоизолација.

Tермалните решенија за мерење на температура се користат за мерење на температурните разлики кај луѓето кои влегуваат во опсег или видното поле на термалната камера.

Заедно со термалната камера се користат и „blackbody“ уред кој помага во калибрирање на мерењето на температурата, особено во помалку контролирани средини каде што другите елементи можат да влијаат на читањето.

Алгоритмите за вештачка интелигенција исто така можат да се интегрираат за да помогнат во прецизноста на читањето на температурата на најточниот дел од телото, обично на челото или близу очите.

Важно при мерење на температурата на човекот е точноста до +/- 0,3 степени целзиусови што ја одредуваат многу организации за меѓународни стандарди.

Сепак, точноста на мониторинг зависи од стабилноста на телесната температура и се препорачува да се инсталира системот во стабилна околина во животната средина за да се обезбеди дека температурата на телото е стабилна.



Клучни карактеристки на DAHUA термалната камера:


  • Двоен надзор (термален и визуелен ) за лесно скенирање.
  • Однапред одредени вредности, за абнормални телесни температури.
  • Сива слика, за која се користи инфрацрвена боја за да се индицира високата температура.
  • Прилагодени аларми за високи температури.
  • Log file кој ги снима податоците на алармот.
  • Системот користи термална камерна глава, дисплеј софтвер и систем за снимање.

Визард Системи Ви нуди повеќе решенија на термални камери, како и системи за контрола на пристап со опции за мерење на телесната температура:





ИМАТЕ ПРАШАЊЕ ИЛИ САКАТЕ ДА ДОБИЕТЕ ПОНУДА?

☎️02 246 9999 | 075 282 727

✉️contact@wizard.com.mk

Напишете коментар