БАНКАРСКА ОПРЕМА
БАНКАРСКА ОПРЕМА И РЕШЕНИЈА ЗА ОБРАБОТКА НА ГОТОВИНА
Повеќе од една деценија е водечки дистрибутер на професионална банкарска опрема и системи за обработка на готовина во Македонија. Нашите решенија обезбедуваат прецизност, сигурност и брзина во секој чекор на финансиските операции – од шалтер до трезор.
Визард Системи располага со широка палета на производи во делот на банкарска опрема: бројачи на банкноти, бројачи и сортирачи на банкноти со две, три и повеќе полици, бројачи на кованици, UV ламби, автoмaтски детектори за фалсификати, сигурносни кеси за транспорт на пари, сигурносни куфери за транспорт на пари, пултни благајни, временски каси, сефови, хотелски сефови, приватни сефови, депозитни сефови, сефови за оружје, огноотпорни ормари за чување на документи, сигурносни пломби.
Обезбедуваме професионални решенија за управување со готовина, наменети за банки, менувачници, казина, обложувалниуци, CIT компании (cash-in tranzit), супермаркети, бензиски пумпи, хотели , компании за кафемати – вендинг машини, и други што бараат прецизност, ефикасност и доверливост во секојдневното работење.
МАШИНИ ЗА БРОЕЊЕ НА ПАРИ
Современите машини за броење пари претставуваат задолжителен дел од секој финансиски систем. Тие овозможуваат прецизно броење, проверка и сортирање на банкноти, со што се минимизира човечката грешка и се заштедува драгоцено време во секојдневното работење.
Бројачите на банкноти овозможуваат:
- Точно броење и пресметување на вредноста на банкнотите
- Сортирање по деноминација, лице и ориентација
- Работа во повеќе режими: COUNT, MIX, SORT, ATM, FIT & UNFIT
- Детекција на фалсификати со најсовремени сензори (2x CIS, UV, MG, IR)
- Автоматска сигнализација при сомнителна банкнота со звучен аларм и порака на екранот
Нашите модели се сертифицирани од Европската централна банка (ЕЦБ) и Народната банка на Македонија, што гарантира висок степен на сигурност, прецизност и усогласеност со меѓународни стандарди.
Сите уреди се софтверски прилагодени за повеќе валути, вклучувајќи денар (MKD), евро (EUR), американски долар (USD), швајцарски франк (CHF), британска фунта (GBP) и други (AUD, TRY, CAD, JPY, BGN, RSD, ALL, CNY).
Како ексклузивен застапник на водечки светски брендови – LIDIX, HYUNDAI, MASTER CASH, PULLON и MASTERWORK AUTOMODULES, нудиме широк асортиман на професионални машини за обработка на пари, меѓу кои:
FMD 985, FMD 885, Hyundai MIB-9, LIDIX ML-2FS, LIDIX ML-2VS, LIDIX SL-250, EAGLE EYE EE7 FS/VS, NC 3500, NC 6000, NC 7100, NC 8500, NC 9500.
Со брзини на броење од 800 до 1500 банкноти во минута, овие машини овозможуваат ефикасна, безбедна и брза обработка на готовина.
МАШИНИ ЗА ОБРАБОТКА И БРОЕЊЕ НА КОВАНИЦИ
Во секојдневното финансиско работење, металните пари – кованиците – претставуваат важен дел од готовинскиот промет. Нивното рачно броење и сортирање е бавно и подложно на грешки, па затоа професионалните машини за броење и обработка на монети се вистинско решение за ефикасност, точност и заштеда на време.
Современите машини за броење монети автоматски ги детектираат кованиците според нивниот дијаметар и дебелина, ги идентификуваат преку прецизни сензори и ротирачки дискови, и потоа ги распределуваат во соодветни фиоки по деноминација..
Во нашата понуда се вклучени модели од водечките светски брендови за банкарска опрема, како Multi-Cash, CTcoin, Cash Technology (CCE) и Pelican – сите познати по сигурност, издржливост и технолошка напредност.
👉 За големи количини на кованици, идеални се моделите MC 10-14 Active (Multi-Cash), Pelican 309 S+ и Zebra 309, кои овозможуваат:
- Брзина на броење до 1.200 кованици во минута
- Професионално броење и сортирање до 9 деноминации + фиока за отфрлени монети
- Модуларен систем за детекцијасо магнетен, капацитивен и профилен сензор – за откривање и на најсофистицираните фалсификати
👉 За помали бизниси или касовни пунктови, нудиме практични решенија што овозможуваат:
- Брзина на броење до 230 кованици во минута
- Прецизно броење и сортирање на евро и денарски кованици
- Лесна употреба и компактна дизајнерска изведба
Без разлика дали обработувате денари или евра, нашите уреди ви гарантираат брза, точна и безбедна обработка на сите типови кованици.
СЕФОВИ ЗА КАНЦЕЛАРИИ, ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ, ХОТЕЛИ И ДОМАШНА УПОТРЕБА
Обезбедете максимална заштита за Вашите документи, пари, накит и други скапоцености со професионалните сефови од ВИЗАРД СИСТЕМИ – ексклузивен застапник на PROMET и FORMAT– едни од најдобрите европски брендови.
Во нашиот асортиман на производи располагаме со:
- Сефови отпорни на провала-кражба, Степен S1, S2, 0, I, II, III, IV, V ( спред стандард EN 14450, EN 1143-1)
- Огнотпорни сефови, 30 min(огноотпорност LFS 30P според стандардот EN 15659), 60 min ( огноотпорност LFS 60P според стандардот EN 15659)
- Комерцијални сефови (сефови за фирми)
- Приватни сефови (сефови за дома)
- Хотелски сефови
- Сефови со задебелена двојна конструкција
- Сефови за оружје
- Сефови за клучеви
- Депозитни граѓански сефови
- Благајнички депозитни каси (пултни благајни со врменско отворање на дадена фиока)
- Огноотпорни архивски ормари
Заклучувањето на секој од сефовите се врши со помош на една брава со касов клуч, механичка комбинација или електронска брава, електронска Time Delay брава (временско одлагање на отворање на сефот).
Сефовите се дизајнирани да ги чуваат Вашите највредни предмети без разлика дали сте дома или во канцеларија. Важни документи, пари и накит тешко се заменуваат, па нивната заштита со квалитетен сеф е мудар и сигурен избор.
ДОПОЛНИТЕЛНА БАНКАРСКА ОПРЕМА
Покрај професионалните машини за обработка на банкноти и кованици, Визард Системи нуди широк асортиман на дополнителна банкарска опрема која го олеснува секојдневното работење и ја зголемува безбедноста на готовината:
ДЕТЕКТОРИ НА БАНКНОТИ
AL-11 Money Detector– UV, MG, Watermark, Micro Print, пренослив со вграден Li-ion батерија.
FMD-11 – UV, MG, Watermark, Micro Print, пренослив со вграден Li-ion батерија.
FMD 600 LCD– Автоматски, мултивалутен, детекција со UV, MG, IR, слика, квалитет на хартија и дебелина, LCD екран.
FMD 600 TFT– Автоматски, мултивалутен, TFT екран, детекција со UV, MG, IR, слика
AL-136T – Мултивалутен, 9 методи за детекција на фалсификати, визуелен и звучен аларм, пренослив, USB надградба.
СИГУРНОСНИ КЕСИ ЗА ТРАНСПОРТ НА ПАРИ
Еднократна употреба, со самозапечатување и уникатен сериски број.
Полиња за внес на податоци: назив на компанија, одговорно лице, спецификација на содржината, датум и забелешки.
Безбедносна лента која при обид за отворање остава трага — јасен доказ за манипулација и дополнителна гаранција за безбедноста на средствата.
Изработени од LDPE со дебелина од 70 микрони, отпорни на кинење и вода.
Нумерирани со 8–10 цифрен код и 128-битен баркод, со две ливчиња за евиденција.
СЕРВИС И ПОДДРШКА НА БАНКАРСКА ОПРЕМА
Oбезбедуваме комплетна техничка поддршка и сервис за сите наши уреди за обработка на готовина, сефови и дополнителна банкарска опрема. Нашиот тим на квалификувани техничари е подготвен да Ви помогне со:
- Одржување-чистење, ажурирање на софтвер и калибрација на сензори на бројачи и сортирачи на банкноти и кованици
- Дијагностика и поправка на електронски и механички брави на сефови
- Поддршка за автоматски детектори на банкноти и сигурносни системи
Брзината и ефикасноста се наш приоритет: сервисот се изведува во СЕРВИСЕН ЦЕНТАР ЗА БАНКАРСКА ОПРЕМА на локација: ул. БЛАЖО ОРЛАНДИЌ бр. 42Б.