ИНТЕЛИГЕНТНИ АЛАРМНИ СИСТЕМИ ЗА ФИРМИ, ИНСТИТУЦИИ ИЛИ ВАШИОТ ДОМ И ИМОТ
ИЗБЕРЕТЕ ГО БЕЗБЕДНОСНИОТ СИСТЕМ ОД ![]()
ШТО НАЈМНОГУ ОДГОВАРА НА ВАШИТЕ ПОТРЕБИ!
Алармните системи се дизајнирани за детекција на обиди за упад или присуство на натрапник во објект под надзор. Тие не само што овозможуваат заштита од кражба и провала, туку и детекција на други ризици – пожар, поплава или истекување на гас.
Кога ќе се појави закана, системот може автоматски да активира звучен или светлосен аларм, да го извести сопственикот, агенцијата за обезбедување или надлежните служби, како и да исклучи електрична енергија, вода или гас со цел дополнителна безбедност.
Интелигентните алармни системи SATEL обезбедуваат сеопфатна заштита на вашиот дом, деловен простор или индустриски објект, и се препознаени по својата сигурност, флексибилност и можност за интеграција со други системи.
Покрај основната заштита, системите можат да извршуваат и дополнителни функции како што се контрола на пристап, автоматизација на објектот и управување со осветлување или климатизација.
Со SATEL, добивате паметна и сигурна заштита која секогаш реагира прва – пред да настане штета
- поделба на системот на максимум 4 партиции
- поддршка за до 64 детектори
- контрола на системот со користење на до 4 тастатури на допир или LCD тастатури
- компатибилен со безжични уреди ABAX 2 и MICRA
- извршување на основни функции за автоматизација на објекти
- поделба на системот на максимум 2 партиции
- поддршка за до 30 детектори
- контрола на системот со тастатура на допир, или LCD тастатури (максимум 4)
- компатибилен со безжични уреди на системот ABAX 2 и MICRA
- извршување на наједноставните функции за автоматизација на објекти
- поделба на системот на максимум 32 партиции
- поддршка за до 256 детектори
- контрола на системот со тастатура на допир, или LCD тастатури (максимум 8)
- компатибилен со безжични уреди од системот ABAX 2
- напредни функции за автоматизација на згради
- можна интеграција со системот за контрола на пристап ACCO NET, уредите за автоматизација KNX и друго
- HUB – Се во едно – модерно решение за алармен систем комбинирајќи ја заштитата и автоматизацијата на објектите
- тестирана и напредна ABAX 2 безжична технологија
- едноставно креирање на автоматска логика
- брза инсталација и креирање на сценарија; идеален безжичен аларм
- безжични решенија за контролните панели INTEGRA, INTEGRA Plus, VERSA и PERFECTA 64 M.
- ABAX 2 е компатибилен и со кој било друг контролен панел или контролер за автоматизација, а во некои случаи може да работи целосно автономно.
- Двонасочна радио комуникација
- 4 канали за автоматски избор на најдобра фрекфенција
- Опсег на радио комуникација до 2000m
- Напредните механизми за заштеда на енергија овозможуваат долготрајно работење на батеријата
ДОМАШНА АВТОМАТИЗАЦИЈА– SMART HOME СИСТЕМИ
Современата домашна автоматизација овозможува целосна контрола на домот или деловниот простор преку едноставен и интуитивен систем.
Со Satel INTEGRA контролните панели вашиот дом станува паметен, безбеден и енергетски ефикасен.
Нудиме професионални Smart Home решенија, кои комбинираат алармен систем, автоматизација и далечинска контрола преку мобилен или таблет во едно целосно решение.
Што овозможува домашната автоматизација?
- Контрола на осветлување – прилагодување на светлосни сцени и атмосфера со едно допирање
- Контрола на гаражна и влезна врата – управување преку мобилен или далечински управувач
- Контрола на греење и климатизација – оптимизирање на потрошувачка на енергија
- Контрола на наводнување – автоматско управување со тревници, градини и растенија
- Симулација на присуство – вклучување/исклучување на осветлување за безбедност кога не сте дома
Аларм китови од ![]()
Алармните китови од DAHUA се флексибилен и проширлив систем за заштита на вашиот дом или викендичка. Се состои од контролна централа (Hub), ПИР детектори за движење, магнетни сензори за врати и прозорци и далечински управувачи, со можност за додавање на дополнителни уреди како сирени и други сензори што овозможуваат прилагодување според потребите на вашиот простор.
Преку мобилната апликација можете да управувате со алармот, да добивате известувања и да интегрирате видео надзор дополнително.
Функциите за двонасочна комуникација, SOS итен повик и Cloud ажурирања обезбедуваат дополнителна сигурност и брза реакција. Системот работи и со вградена батерија, што гарантира заштита дури и при прекин на струја.
Алармниот систем вклучува:
Контролна алармна табла
Контролни уреди
Детектори
Сигнални уреди
Комуникациски модули
Напојувања