КАТАЛОГ
Визард Системи располага со широка палета на производи во делот на банкарската опрема.
Софистицирани, софтверски и лиценцирани како од Европска Централна Банка така и од Народна Банка на Р.М. ,машини за обрабока на банкноти и кованици.
Исто така располагаме и со повеќе модели на детектори на пари, УВ и МГ детектори, за проверка на автентичноста на бакнотите.

Како ексклузивни застапници на светскиот бренд за банкарска опрема MASTERWORK AUTOMODULES, нудиме повеќе модели на машини за обработка на банкноти од NC серијата како што се: NC 3500, NC 6000, NC 7100, NC 8500.
Станува збор за софистицирани, софтверски машини за обработка на бакноти кои беспрекорно исполнувајќи ги критериумите, на тестирањата од страна на ЕЦБ и НБРМ, континуирано се наоѓаат на Листите на успешно тестирани машини за обработка на банкноти.

Нашите бројачи ќе Ви помогнат да го изброите точното количество на банкноти, да ја пресметате точната вредност, да правите пачки уредно подредени по лице и ориентација. Да пребројувате со различни модови: микс, деноминација, лице, ориентација, FIT & UNFIT, притоа правејќи ги сите овие функции машината се грижи за валидноста на банкнотите, доколку наиди на сомнителна банкнота алармира покажувајќи ја причината за неподобност.
Асортиманот на банкарската опрема со која располагаме опфаќа и сигурносни кеси, сигурносни куфери за транспорт на пари со електрохемиски уреди за заштита, сигурносни огноотпорнисефови во различни димензии, пултни благањи и временски каси.
⇒Машини за обработка на кованици

Металните пари се составен дел од секојдневното работење, а нивното манипулирање знае да биде макотрпно и да трае со часови доколку не се користат професионални машини за обработка на истите.
За да не губите време и енергија за рачно броење и сортирање на кованите пари, инвестирајте во професионална машина, бидете чекор понапред и издигнете го Вашето работење на повисоко ниво.
Располагаме со модели на машини за обработка на кованици со различни капацитети и брзини.
Во асортиманот на машини за кованици ќе најдете модели од светски познатиот бренд за банкарска опрема CTcoin, Pelican 309 и Zebra 309 водечки модели во својата обаст.
Наша топла препорака се моделите Pelican 309 S+ и Zebra 309, за справување со големи количества на метални пари, за брзо пребројување и сортирање. Овие модели имаат најголема примена во трезори, маркети, фирми за кафемати, патарини…
Или пак малите компактни деск топ модели на брендот Musashi BR 30 и Musashi BR 25, брзи и многу лесни за употреба, не зафаќаат многу простор, а ќе Ви заштедат скапоцено време.
Металните пари се составен дел од секојдневното работење, а нивното манипулирање знае да биде макотрпно и да трае со часови доколку не се користат професионални машини за обработка на истите.
За да не губите време и енергија за рачно броење и сортирање на кованите пари, инвестирајте во професионална машина, бидете чекор понапред и издигнете го Вашето работење на повисоко ниво.
Располагаме со модели на машини за обработка на кованици со различни капацитети и брзини.
Во асортиманот на машини за кованици ќе најдете модели од светски познатиот бренд за банкарска опрема CTcoin, Pelican 309 и Zebra 309 водечки модели во својата обаст.
Наша топла препорака се моделите Pelican 309 S+ и Zebra 309, за справување со големи количества на метални пари, за брзо пребројување и сортирање. Овие модели имаат најголема примена во трезори, маркети, фирми за кафемати, патарини.
Или пак малите компактни деск топ модели на брендот Musashi BR 30 и Musashi BR 25, брзи и многу лесни за употреба, не зафаќаат многу простор, а ќе Ви заштедат скапоцено време.
⇒Машини за обработка на банкноти
Машини за броење и сортирање на банкноти
Како ексклузивни застапници на светскиот бренд за банкарска опрема MASTERWORK AUTOMODULES, нудиме повеќе модели на машини за обработка на банкноти од NC серијата како што се: NC 3500, NC 6000, NC 7100 и NC 8500.
Сертифицирани од ЕЦБ и НБРМ.
Станува збор за софистицирани, софтверски машини за обработка на бакноти кои беспрекорно исполнувајќи ги критериумите, на тестирањата од страна на ЕЦБ и НБРМ, континуирано се наоѓаат на Листите на успешно тестирани машини за обработка на банкноти.
Во софтверот на машините се вклучени пет валути кои се избрани како најкористени во наши простори и тоа: MKD, EUR, USD, CHF, GBP, со можност за промена на веќе постоечките или додавање на дополнителни валути покрај постоечките согласно Вашите потреби.
Нудиме максимална софтврска и техничка поддршка.
Секогаш први ги инкорпорираме новите деноминации во софтверот на машините со што машините се оспособени да ги препознаваат новите пари пред тие да излезат во оптег.
Овие модели на машини за обработка на банкноти, се оспособени за обработка и на полимерни банкноти.
Сите модели на бројачи имаат опција за поврзување на надворешен екран за читање на резултатите од броењето што е мошне корисно за шалтерските машини, за приказ на резултатите на клиентите од другата страна. Исто така имаат опција за поврзување на термален принтер за принтање на резултатите од броењето.
Нашите бројачи ќе Ви помогнат да го изброите точниот број на банкноти, да ја пресметате точната вредност, да правите пачки уредно подредени по лице и ориентација. Да пребројувате со различни модови: микс, деноминација, лице, ориентација, FIT & UNFIT, притоа правејќи ги сите овие функции машината се грижи за валидноста на банкнотите, доколку наиди на сомнителна банкнота алармира покажувајќи ја причината за неподобност.
Во време кога бројот на фалсификувани бакноти во оптег, рапидно расте, притоа фалсификати кои со голо око се непрепознатливи, од круцијално значење е употреба на професионални сертифицирани машини за обработка на банкноти. Користњето на професионални машини за обработка на бакноти, ќе Ве заштити од опасноста да Ви бидат подметнати фалсификувани пари.
СЕРТИФИЦИРАНИТЕ МАШИНИ ЗА ОБРАБОТКА НА БАНКНОТИ ВО НБРМ СЕ СЕКОГАШ ПРАВИЛЕН И СИГУРЕН ИЗБОР!
⇒Дополнителна банкарска опрема
Покрај професионалните машини за обработка на банкноти и кованици, кај нас можете да најдете и професионални автоматски детектори за проверка на автентичноста на банкнотите од брендот Masterwork Automodules, различни модели на детектори со УВ ламби од брендот DoCash, сигурносни кеси за транспорт на пари, сефови во различни големини и брави за хотелска и домашна употреба, пултни благањи, временски кеси и што уште не…
Автоматскиот детектор AL-11 Money Detector, работи на принцип: ставате банкнота детекторот ја повлекува низ неговите скенери, доколку банкнотата е во ред ја поминува со што на екранот ја испишува номиналната вредност на проверената банкнота, а доколку банкнотата е сомнителна по некој основ ( УВ, МГ, СЛИКА или сл.) банкнотата ја враќа назад и на екранот ја испишува причината за отфрлање. Тоа не е 100% доказ дека банкнотата е фалсификат, туку дека е сомнителна. Утврдувањето дали една банкнота е фалсификат или не ја прави НБРМ. Автоматските детектори се прераснати во неопходни средства за работа во трговски центри, маркети, бутици, парфимерии, бензиски станици, патарини, ресторани, наплатни центри… со постојана тенденција на зголемување на нивната примена од страна на правните субјекти од различни области. Нивната мобилност, можноста за работа на батерии-без кабел, ги прави подобни за сите мобилни бизниси.
Овој модел е софтверски кој нуди проверка на автентичноста на банкнотите од 5 валути со можност, за промена или дополнување на валути согласно Вашите потреби.
Детекторите со УВ ламби Ви овозможуваат да ги проверувате УВ заштитите на банкнотите. Едноставни за употреба, компактни и практични.
Сигурносни кеси за транспорт на пари за еднократна употреба во различни големини
Сигруносните кеси ги користат CIT комапаниите, банките и другите финансиски субјекти. Еднократната употреба овозможува сигурност на средствата при транспорт. Откако еднаш ќе се отвори, на кесата се појавува боја која не може да се избрише. Секоја кеса има свој единствен сериски број, полиња за внес на податоци, назив на компанија, одговорно лице, спецификација на содржината, датум и поле за забелешки.
Сигурносни сефови со механички и електронски брави, во различни големини
Погодни за домашна употреба, хотели, маркети, канцеларии и сл. Исто така Ви нудиме и пултни благањи и временски каси со максимална заштита од кражба.
Временските каси се поддесуваат да можат да се отворат само во определен временски период.