Направете ги домашните задачи поедноставни
Многу работи кои се повторуваат по природа може да се постигнат автоматски или со помалку чекори со користење на автоматизација на домот. Наместо да ги исклучите или да ги затемните четири различни светла кога сакате да гледате филм, домашната автоматизација ви овозможува да ја завршите оваа задача со едно копче.
Заштедете пари на различните услуги
Комуналните услуги на пример може да изнесуваат неколку стотици евра. Домашната автоматизација може да ги исклучи светлата или автоматски да го спушти термостатот кога не ги користите и со тоа, лесно да ги намалите сметките за струја за 10% до 25%.
Домашна безбедност
Иако безбедноста во домот е приоритет за секого, високите трошоци за инсталација или месечните мониторинг трошоци ги прават безбедносните системи премногу високи за многу сопственици на куќи. Домашната автоматизација обезбедува прифатливо решение за домашна безбедност.
Зголемена безбедност на домот
Многу несреќи се случуваат во домот поради слабото осветлување. Домашната автоматика автоматски може да ги вклучи светлата во плакари, скали и други темни места кога ќе ја внесете и намалите шансите за случајно буткање или удирање во различни работи.
Продибивки за животната средина
Во време кога сите сме свесни за животната средина, домашната автоматизација обезбедува добро решение за да помогнеме во зачувувањето на нашите природни ресурси. Производите за домашна автоматизација може да ја намалат потрошувачката на енергија и автоматски да ги исклучат светлата и употребата на различни апарати кога тие не се користат.
Следете не на Инстаграм:
Релаксирајте се
Никогаш повеќе не се грижете за својот дом додека сте на одмор или на патување или пак на ручек со вашите пријатели. Преку вашите домашни видео камери и интернет конекција, можете да проверите за статусот на вашиот дом или пак да ги проверите вашите деца од каде било во светот користејќи компјутер или паметен(смарт) телефон.
Придобивка каде целото семејство може да ужива
Семејството што игра заедно, останува заедно. Иако домашната автоматизација е сето тоа погоре наведено, најмногу од сè е што е и многу забавно за целото семејство. Ќе се најдете во позиција каде домашната автоматизација ќе го доближи семејството заедно, каде сите заедно учат за способностите на оваа технологија.