За историјата на видео надзорот, аналогната видео слика е важна компонента од која се состои секој безбедносен систем. Со можност за набљудување на заканите, снимање и складирање на видео записи, аналогните камери беа првите кои помогнаа да се намалат ризиците од криминалци и штета во материјална вредност. За многу бизниси, аналогните камери сеуште ги извршуваат овие витални функции.
Во банкарската индустрија, видео надзорот е суштински дел за заштитата на вредните и чувствителни финансиски средства со кои клиентите им веруваат на своите банки дека ќе останат безбедни во секое време. Одредени пропусти во безбедноста, видео надзорот и други проблеми во системот може да имаат големо влијание врз оперативните трошоци, приходите, угледот и многу повеќе за сите банки.
Казината и другите слични бизниси се соочуваат со вакви проблеми. Целосните безбедносни мрежи кои детектираат докази поврзани со мамење, нарушувања и други криминални активности, се од суштинско значење за водењето на било кое успешно казино и често бараат голема организација, инфраструктура и кадровска структура, за да се осигура дека секоја област од казиното е правилно обезбедена.
Големи аналогни системи за видео надзор се уште се користат во многу финансиски институции како банки, менувачници и казина. Многу од бизнисите не се подготвени да направат скапа и соодветна одлука да го обноват целиот систем од аналоген на IP или HDCVI.
Со оглед на тоа што решенијата за дигитален видео надзор ја продолжуваат нивната еволуција, тие презентираат многу предности: моќност преку IP, видео со висока резолуција и моќни интегративни карактеристики, како што е детекција на лице, што им овозжможува на бизнисите поголема сигурност. Сепак, постои решение за финансиските и казино бизниси кои бараат надградба на нивните постоечки аналогни системи.
Ново развиените HD аналогни системи им овозможуваат на корисниците лесно да ги надградат постојните аналогни системи со стандардни HD системи и тие можат повторно да ја искористат постоечката инсталација на кабли, со што ќе се заштеди на монтирањето на опремата. Покрај тоа, технолошките способности на аналогните системи продолжуваат да се прошируваат, а голем дел од ова е можно поради HDCVI технологијата.
Композитен видео интерфејс со висока дефиниција, или HDCVI, е аналоген HD видео стандард со над-коаксијален кабел кој поддржува HD пренос на долги растојанија за да ги задоволи барањата за сложени и широко дисперзирани инсталации. Покрај долгите растојанија за пренос, достапни се и HDCVI производи кои обезбедуваат три главни придобивки за корисниците на аналогна видео технологија: компатибилност со широк протокол, ултра HD видео резолуција и интелигентна анализа (со поддршка HDCVI DVR со IVS).
Некои нови HDCVI 3.0 DVR се компатибилни со скоро сите аналогни решенија на пазарот и можат да ги обединат повеќекратните технологии во еден систем. Нејзините системи, исто така, можат да прифатат влезови од IP камери. Покрај тоа, HDCVI 3.0 е компатибилен со конкурентските HD-over-coax технологии HDTVI и Analog HD (AHD).
Кога се користат HDCVI камери, системот ги комбинира видео, аудио и контролните сигнали и електричната енергија во истиот коаксијален кабел кој се користи постоечка аналогна мрежа.
HDCVI 3.0 е исто така првата технологија која донесе UHD (4k) резолуција на аналогниот, над-коаксијален систем. Компатибилен е со постоечката технологија за компресија на податоци и обезбедува можности за ноќно гледање со високи резолуции, овозможувајќи разни интелигентни интеграции на аналогниот систем. Откривањето на лице, следењето на луѓето, виртуелната tripwire и другите високофункционални интеграции сега се можни на аналоген систем кој е опремен со HDCVI DVR со функционалност IVS.
За инсталации на видео надзор во банки и казина, кои бараат големи, сложени мрежи да се во постојана согласност, HDCVI го доведува целиот систем за надгледување во модерната ера, без да бара огромна преуреденост на вашиот систем. HDCVI обезбедува HD видео и интелигентни интеграции кои ви се приоритет при избор на дигитален систем, но е компатибилен со инсталираните кабли и другите аналогни уреди.
Доколку имате комплексен аналоген систем и сакате да го надоградите Вашиот видео надзор, тогаш HDCVI технологијата е вистинскиот избор за вас!