21 годинa

сигурност и доверба за компании, институции и домови во Македонија

Кои сме ние

ДТУ Визард Системи ДООЕЛ е компанија специјализирана за интегрирани сигурносни решенија, поддржана од искусен и професионален тим за консалтинг, проектирање, инсталација, мониторинг и техничка поддршка.

Со повеќе од 21 година искуство на пазарот, изградивме цврста основа темелена на доверба, брза и ефикасна реакција, како и имплементација на современи технологии од реномирани светски брендови. Нашата посветеност е насочена кон обезбедување стабилни, сигурни и долгорочни решенија за нашите клиенти.

Мисија

Нашата мисија е да обезбедиме највисок квалитет и иновативни безбедносни решенија, базирани на темелно разбирање на потребите и очекувањата на нашите клиенти.

Преку стратешки партнерства со водечки производители и дистрибутери, како и континуирано инвестирање во истражување и развој на нови технологии и производи, ДТУ Визард Системи ДООЕЛ посветено работи на постигнување и одржување на високи стандарди на сигурност и доверба.

Визија

Нашата визија е да се позиционираме како водечки снабдувач на напредни сигурносни решенија во Република Македонија.

Препознатливи сме по високите стандарди за квалитет, сигурност и професионалност, како и по персонализираниот пристап кон секој клиент. Токму довербата што ја градиме и посветеноста кон долгорочна соработка се причината поради која нашите клиенти остануваат лојални на нашиот бренд.

Доверба што расте секојдневно!

Задоволни клиенти
0 +
Комерцијални објекти
0 +
Активни дилери во Македонија
0 +
Година искуство
0 +