Денес во бизнисот, потребата за заработка на пари и желбата за да се зголеми профитот се зголемува, исто како и постојаниот страв од загуба. Важно е да превземеме мерки за да го заштитиме нашиот имот и нашите средства за да обезбедиме добри деловни практики со клиентите.
Безбедносните пломби се од суштинско значење за чување на безбедноста највисоко ниво и за спречување од загуба. Сепак, знаењето на корисникот за тоа што е квалитетна сигурносна пломба и за тоа каде се употребува е ограничено. Па, следствено, корисниците на безбедносни пломби не го ценат доволно производот што сакаат да го запечатат и оттаму се создаваат сериозни грешки што резултираат со загуба која може да биде фатална.
Исто така, друга важна грешка е кога корисникот не знае правилно да ја стави пломбата и тоа исто така води до загуба. Еве неколку работи кои треба да ги знаете за да можете правилно да изберете безбедносна пломба:
- Која ќе биде целта на безбедносната пломба? Треба да имате претходно знаење за тоа како ќе ја употребите сигурносната пломба, пред да ја купите. На пример, ако праќате стока преку контејнери за испорака, тогаш основниот избор ќе бидат безбедносни метални клинови. Доколку вашата испорака е преку камионски сообраќај, тогаш метални пломби би биле вистинскиот избор.
- Запомнете: постојат различни сигурносни пломби кои можат да се користат во горните примери и затоа е многу важно да ја знаете вашата потреба односно НАМЕНА за пломбите!
- Многу корисници имаат погрешно мислење во однос на цените и многумина не сметаат дека цената може да игра сериозна улога за да се има висока безбедност. Никогаш не купувајте пломби со ниски цени доколку сакате голема безбедност. Пломба со голема безбедност е дизајнирана, тестирана и произведена со соодветни материјали за да издржи неовластен пристап до стока со висока вредност. Затоа, ако барате квалитетни безбедносни пломби, препорачливо е да не одберете сигурносна пломба врз основа на цената.
- Безбедносните пломби се направени само за еднократна употреба. Ова значи дека откако пломбата ќе стигне до својата дестинација, таа ке мора да се одстрани/исече со цел корисникот да пристапи до неговата стока. Откако ќе се исече безбедносната пломба, таа ќе биде бескорисна и ќе треба да се замени. Повторното користење на сигурносна пломба повеќе од еднаш може да биде нелегално и да ја стави стоката во ризик од загуба.
- Важно е да ја разберете вашата сигурносна пломба. Многу корисници немаат доволно знаење за тоа како и каде може да биде оштетена една пломба.
- На крајот, важно е да се разбере дека сите сигурносни пломби имаат еден животен век, вообичаено тој завршува кога транспортниот режим ќе стигне до својата дестинација. Потоа безбедносната пломба треба да биде правилно уништена за да спречи неовластен персонал да има пристап до вашите производи.