Видео надзор – правила и прописи

Видео надзор – правила и прописи

CategoriesБлог

Видео надзорот и следењето преку монитори е во постојан пораст и во Македонија.

Податоците кои се собираат при видео надзорот, се најчесто слики, кои се однесуваат на лице кое може да биде идентификувано, директно или индиректно, со цел да се следи неговото однесување.

Видео надзорот е во постојан пораст и тоа во различни подрачја. За разлика од порано кога само продавачите на големо или банките користеа видео камери, сега се поставуваат камери по куќите кои имаат многу поголем опсег на снимање, во однос на потребата.

Секаде каде има поставено видео камери за следење, мора да постои јасен доказ кој е одговорен за камерата или под камерата да се стави известување на кое ќе биде наведено кој управува со истата. Одговорните лица мора да се придржуваат на одредени правила за тоа кои податоци и во колкав обем може да ги прибираат и да ги чуваат. Секој кој смета дека влегол во кругот кој е под видео надзор, има право да бара информација од одговорниот за камерата, за целта на поставување на видео надзорот рокот на чување на снимените материјали и сл.

Правила за видео надзор

  1. Одговорното лице за видео надзор мора да ги информира сите кои ќе влезат во полето на снимање (видео круг) дека просторот се снима, преку истакнување на известување кое мора да биде јасно, поставено на видливо место и истакнато на начин што им овозможува на сите субјекти на лични податоци да се запознаат со вршење на видео надзорот.

Известувањето мора да ги содржи следните информации:

  • Дека се врши видео надзор
  • За името односно називот на лицето/фирмата што го врши надзорот
  • За начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видео надзор.
  1. Одговорното лице со цел да ги заштити личните податоци кои ги собира, обработува и чува, мора да преземе соодветни технички и организациски мерки и да го уреди начинот на вршење на видео надзорот со посебен акт за да спречи евентуален неавторизиран пристап до податоците. Тоа значи дека само овластеното лице има право да гледа на екранот и да го прегледува снимениот материјал. Прибраните податоци мора да се чуваат заклучени и пристап до истите има само овластеното лице.
  2. Камерата мора да се постави под агол во чии видео круг ќе биде опфатено само она подрачје кое се набљудува. На пример, ако камерата е поставена во зграда не треба да се гледа што се случува во становите од зградата. Контролорот може да врши видео надзор само на просторот кој е доволен за исполнување на целта за кои е поставен.Тоа значи дека ако се поставува видео надзор заради заштита на сопственоста или контрола над влегувањето и излегувањето од службените или деловните простории целта ќе се постигне со поставување на камера само на влезот од објектот, а не во сите ходници, сали за состаноци, канцелари, предавални, холови и сл. Секогаш кога се поставува видео надзорот треба да се почитува правото на приватност на вработените, клиентите, учениците, студентите, пациентите, купувачите и останатите категории на субјекти на лични податоци.
  3. Камерата се поставува поради заштита на луѓето и сопственоста, а не за друга намена. На пример, продавачот не смее да ги користи фотографиите за маркетиншки цели или за некоја друга незаконита цел.
  4. Снимките не смеат да се даваат на користење на други лица освен ако е тоа потребно во евентуална доказна постапка. На пример, продавачот не смее да ги дава на користење или да ги продава фотографиите на друго лице.
  5. Снимките согласно Законот за заштита на личните податоци се чуваат најмногу 30 дена(освен ако со друг закон не е предвиден подолг рок), а по истекот на овој рок истите мора да се избришат. Доколку е сторена штета и истата може да се утврди на снимките, тој
  6. Строго е забрането вршење на видео надзор во гардероби, соблекувални, санитарни чворови, лифтови и други слични простории!

Напишете коментар