Како да одберете вистинска резолуција за вашата камера за видео надзор?

Како да одберете вистинска резолуција за вашата камера за видео надзор?

Како да одберете вистинска резолуција за вашата камера за видео надзор?

Одлучувањето каква резолуција ќе има камерата што е соодветна за вашата апликација не е комплицирано, но може да биде збунувачки ако не сте добро запознаени со најважните факти. Тука ќе ви прикажеме три чекори кои мора да ги поминете за да бидете сигурни дека вашиот систем за видео надзор ги фаќа потребните детали во сцената, без да мора да купите прескапи камери со висока резолуција.

Наоѓање на ОНПИ

Кое ниво на детали ви е потребно за безбедноста? Откривање на лице? Верификација на движење? DORI (Detection, Observation, Recognition, Identification) односно  ОНПИ (откривање, набљудување, препознавање, идентификација) е поддржанo од британската асоцијација за безбедност и oдделот за домашна безбедност за да ги обележи категориите на информации.

  • Нивото на откривање овозможува сигурно и лесно утврдување дали е присутно лице или возило на местото кое се обезбедува.
  • Нивото на набљудување дава карактеристични детали за поединецот, како што е препознатливата облека, при што се овозможува поглед на активноста при инцидентот.
  • Нивото на препознавање одредува со висок степен на сигурност дали поединецот е ист како оној што претходно бил виден.
  • Нивото на идентификација го овозможува идентитетот на поединецот надвор од основаното сомневање.

Избирање на камера

Запомнете дека другите фактори – како што се леќата, осветлувањето, компресијата и поставеноста на камерата – влијаат на јасноста на сликата. Треба да се земат во предвид и временските и еколошките услови. Бидете сигурни дека овие фактори ќе ги имате на ум.

Пред да избрзате при инсталирање на камера со повеќе мегапиксели, размислете за опсегот на целиот систем за надгледување. Можеби ви треба само висока мегапикселна камера на влезот на локацијата, за прецизно да ги идентификувате лицата и да користите камери со помалце мегапиксели за следење на активноста.

Друга резолуција што треба да се знае

-4K наспроти 8MP

Една забелешка кога се разгледуваат камерите со многу мегапиксели: техничките разлики помеѓу 4K и 8MP се толку минијатурни што двете се ефикасно заменливи, што се однесува до безбедносните инсталации. Терминот “4K” потекнува од телевизија и се однесува на 3840 x 2160 резолуција на 30 или 60 рамки во секунда. Вкупниот број на пиксели на 4K сензор нормално би изнесувал околу 8,3MP. Технички, камера со 8MP би можела да значи низа од пиксели што е еднаква на околу осум милиони пиксели. Тоа не би морало да биде 3840 x 2160, но најчесто е. IP безбедносната камера обично има рамка од 12 до 20 фрејмови во секунда – не 30 до 60 – но многу безбедносни производители ги нарекуваат своите 8MP камери “4K” едноставно затоа што вкупните пиксели се осум милиони или сензорот е 3840 x 2160.