Вработуваме: Маркетинг Асистент

CategoriesБлог

Визард Системи вработува Маркетинг Асистент!

Како маркетинг асистент ќе имаш можност да работиш во најголемиот дистрибутер за безбедносна опрема во Македонија.

Прочитај повеќе дали си ти вистинската личност за оваа позиција…



Креативност

Професионалност

Тимски играч

Работни обврски
Што ќе вклучува вашето работно време?

Како маркетинг асистент, Вие ќе бидете задолжени за одржување на социјалните мрежи како Facebook, Instagram и LinkedIn, испраќање на промотивни флаери и кампањи преку email сервиси како Mailchimp, и повремено креирање на промотивни блог постови околу можностите и потребата на безбедноснисте системи.

Потребни квалификации


Кои ќе бидат обврските на маркетинг асистентот?

  • Менаџирање со социјални мрежи како Facebook, Instagram и LinkedIn;
  • Facebook Business Manager: Раководење со кампањите на бизнис фан страната на Визард Системи;
  • Менаџирање на email маркетинг сервис како Mailchimp и извршување на дневните промотивни кампањи;
  • Креативност во креирање на информативни/промотивни слики поврзани со работата на Визард Системи;
  • Познавање на сервис за креирање на фотографии како Canva;
  • Изработка на промотивни блог постови поврзани со работата на Визард Системи (не повеќе од 2 поста неделно);

Oд што треба да има познавање?

  • Одлично познавање со раководење на социјалните мрежи;
  • Одлично познавање во менаџирање на кампањите преку Mailchimp (email маркетинг сервис);
  • Солидно познавање околу изработка на промотивни слики и сервис како Canva (или некој друг…);
  • Солидно познавање на Англиски јазик;

Дополнително познавање кое би било плус:

  • Photoshop;
  • Illustrator;
  • WordPress (менаџмент на блог постови…);
  • Google Ads;

*[Минимум една година работно искуство во сферата на дигиталниот маркетинг]


Аплицирај веднаш

Вашето CV испратете го на market@wizard.com.mk

Имате повеќе прашања?

+389 2 246 9999
+389 75 282 727

market@wizard.com.mk







За Визард Системи

„Визард Системи ДООЕЛ“ успешно делува и работи на полето на безбедносни системи и е една од водечките компании во Македонија.

Компанијата располага со комплетна опрема за видео надзор, алармни системи, противпожарни системи, контрола на пристап и евиденција на работно време, автоматика на врати, банкарска опрема, рампи и паркинг системи, сигурносни пломби, озвучување на објекти, мрежна опрема, мониторинг станици, видеодомофонија и домофонија, заштитни огради.

Визард Системи исто така нуди комплетна инсталација на опремата со која располага.

Визард Системи подгодвува предлози, комплетни решенија и врши инсталација на истите и се грижи за пуштање на системот во работа, им нуди 24 часовна поддршка на своите корисници, како и комплетна обука на купувачот за користење на опремата.

Визард Системи е официјален партнер и дистрибутер на “Satel” алармниот систем со потекло од Полска, како и број еден дистрибутер на видео надзорни системи од светскиот мега-производител “Dahua”. 

Визард Системи постои веќе 15 години и брои над 25 вработени.

Вашето CV испратете го на market@wizard.com.mk


Аплицирај веднаш


Имате прашања?

ДТУ Визард Системи ДООЕЛ се наоѓа во населба Лисиче,
на улица Црноризец Храбар број 32, Скопје.

(спроти Џевахир Скај Сити на булевар Србија,
веднаш позади Макпетрол бензиската)

Напишете коментар