Алармен систем
Ти се грижиш за твоето семејство и дом,
ние обезбедуваме решение за да се чувствуваш безбедно и удобно.
BE WAVE од SATEL – Паметно и безбедно решение за секој бизнис или дом
BE WAVE е серија на безжични уреди од брендот SATEL. Наменети се за креирање на модерен, интелигентен и сигурен систем за вашиот дом!
Системот обезбедува зголемена удобност, лесна контрола и високо ниво на безбедност – сè што е потребно за сигурна и практична секојдневница.
BE WAVE е идеален избор ако барате:
-
Безжично решение со брза и лесна инсталација
-
Интеграција со алармни системи
-
Можност за паметно управување преку мобилна апликација
-
Сигурност и квалитет од реномиран производител
Како функционира BE WAVE?
BE WAVE е создаден за да биде едноставен и ефикасен систем, кој лесно можете сами да го инсталирате и активирате во вашиот дом, трансформирајќи го во безбедно и интелигентно место за живеење. На тој начин добивате заштита не само во внатрешноста, туку и околу вашиот дом.
Системот може да открие поплава и први знаци на пожар. Во исто време, извршува и паметни функции за домот, што придонесува не само за поголема удобност, туку и за енергетска ефикасност и еколошка одржливост.
Најважно од сè – системот се контролира едноставно и интуитивно.
Вие одлучувате како ќе функционира вашиот дом.
BE WAVE ви овозможува да креирате сопствени сценарија – автоматизирани дејства кои се прилагодени на вашите навики и потреби.
Со едно притискање на копче можете да активирате повеќе уреди истовремено, како што се осветлување, греење, ролетни, клима-уред или безбедносен систем.
Сценаријата се активираат преку мобилна апликација, Smart Button, Keyfob или ѕиден прекинувач поврзан со BE WAVE.
Сè е дизајнирано за да добиете максимална удобност, ефикасност и безбедност – со целосна контрола во ваши раце.
ОПЦИИ ЗА ЗАШТИТА
BE WAVE нуди целосна автоматизирана заштита на вашиот дом – од поплава, пожар, провала или присуство на јаглерод моноксид.
Детекторите за поплава веднаш го исклучуваат дотокот на вода. При појава на чад или нагло покачување на температура, системот го гасне електричниот напон, испраќа аларм и ве известува на мобилен.
Доколку има присуство на јаглерод моноксид, автоматски се отвораат прозорците и се активира вентилација.
Во случај на сомнителен упад или движење околу оградата, BE WAVE активира сирена, осветлување и дури може да испрати фотографии до вашиот телефон или безбедносна служба.
КЛАСИЧЕН НАЧИН НА ЖИВЕЕЊЕ
BE WAVE обезбедува удобност и автоматизација во текот на целиот ден. Утрото започнува со природна светлина – системот автоматски ги подигнува ролетните и ја прилагодува температурата за пријатно будење.
При излегување од домот, сите светла и уреди се исклучуваат, ролетните се спуштаат, а домот преминува во заштитен и енергетски ефикасен режим.
Навечер, ве дочекува топол и осветлен простор. Пред спиење, системот самостојно создава мирна и безбедна атмосфера – ги исклучува непотребните уреди, ја намалува температурата и ја обезбедува околината.
РЕШЕНИЈА ЗА КОМФОР
BE WAVE создава идеални услови за одмор, релаксација и уживање во секој момент од денот. Со еден клик, активирај сценарија кои автоматски пригушуваат светло, пуштаат музика и овозможуваат совршена атмосфера за опуштање.
При гледање филм, системот ги спушта завесите и го прилагодува осветлувањето – твојата дневна соба станува лично кино.
За време на дружби на тераса, светлата се вклучуваат во дворот и на патеките, а музиката автоматски започнува.
Како и да го поминуваш времето, твојот дом автоматски се прилагодува на твоите навики и желби.
ЕКОЛОШКИ КОНЦЕПТИ
BE WAVE овозможува паметно користење на енергијата, со што се штедат ресурси и се намалуваат трошоците – без да се жртвува комфорот.
Светлата автоматски се вклучуваат само кога некој е присутен, а се исклучуваат по потреба. Температурата во просториите се прилагодува според движењето и навиките на корисниците.
Кога ќе отворите прозорец за проветрување, системот ја гаси греалната опрема и повторно ја активира штом условите се нормализираат. Дури и топлата вода и пумпите се гасат кога никој не е дома – сето тоа, автоматски.
Вашиот дом знае кога е време за штедење – со еден клик, добивате ефикасност и одржливост!