ДТУ Визард Системи ДООЕЛ е сертифицирана компанија со имплементирани ISO стандарди за управување:

Овие стандарди се однесуваат на системот за управување за следниот опсег: продажба, инсталација, одржување и консултации за безбедносни системи: видео надзор, алармни системи, детекција на пожар, контрола на пристап и евиденција на работно време, автоматика на врати и паркинг системи, видео домофонија, ИТ и мрежни системи, банкарска опрема.

Со имплементацијата на ISO стандардите компанијата посебно се фокусира на задоволството на клиентите, како и за постојано подобрување на процесот на управување.

ДТУ ВИЗАРД СИСТЕМИ ДООЕЛ  ја утврдува оваа политика за квалитет и животна средина заради обезбедување услуги кои им ги испорачува на клиентите, во целост да ги исполнува нивните искажани реални барања и да биде во согласност со важечките законски прописи и национални и меѓународни стандарди.

Насоченоста кон потребите на клиентите и задоволството на клиентите од извршената работа се најважните вредности според кои ДТУ ВИЗАРД СИСТЕМИ ДООЕЛ ја мери и ја одредува својата вкупна успешност.

За постигнување, одржување и зајакнување на тие вредности, трајно се обврзуваме за:

  • Исполнување на барањата на Интегрираниот систем за управување со квалитет и животна средина (ISO 9001:2015, ISO 14001:2015)
  • Вработување на стручен и амбициозен персонал кој ќе има можност и обврска постојано да се развива и усовршува
  • Набавување на најсовремени материјали и опрема, одржување и подобрување на инфраструктурата и работната околина
  • Негување и развивање на професионални партнерски односи со добавувачите
  • Реализирање на решенија кои во целост ги задоволуваат барањата и потребите на клиентите
  • Почитување на важечки законски прописи и барања
  • Грижа за животната срeдина и работна средина
  • Рационално трошење на енергијата, суровините и останатите природни ресурси
  • Спречување за создавање на отпад и вршење класифицирање на отпадните материјали според можностите за нивно рециклирање
  • Одговорност кон вработените преку воведување на безбедносни мерки, намалување на ризикот од повреди и здравствени проблеми
  • Воспоставување, следење и мерење на цели за квалитет и животна средина
  • Постојано подобрување на системот за управување со квалитет и животна средина

 

Политиката за квалитет и животна средина е достапна на јавноста и вработените.

Секој вработен треба да ја прифати и почитува како трајно начело во сопственото работење.