VERSA/VERSA PLUS-алармен систем и функционирање

VERSA/VERSA PLUS-алармен систем и функционирање

Сигурен, флексибилен и лесен за употреба- ова е најкраткиот опис на безбедносните алармни системи базирани на VERSA алармните централи. Тие се специјално дизајнирани за инсталации во станови и мали куќи, како и во мали канцеларии и комерцијални објекти.

Алармните централи на VERSA се поврзуваат со уреди поврзани на системот на конвенционален начин (т.е. преку користење на кабел), како и со оние кои користат далечинска или радио комуникација. Ваквото решение овозможува да се создаде токму системот што е потребен во зградата под заштита: жичен или безжичен, или пак трета опција е хибриден, кој ги комбинира својствата на жичените и безжичните системи и дава една нова димензија на заштитата.

Системот, чиј мозок е алармната централа од серијата VERSA, нуди совршено вклопување во карактеристиките на објектот кој се заштитува. Ова е можно благодарение на флексибилноста на конфигурацијата на самата централа, но исто така благодарение на широкиот избор на елементи со кои можете да го креирате целиот алармен систем на ваш начин. Тие вклучуваат, на пример, разни видови на детектори кои се користат во затворени простории или на отворено, основни детектори за движење и пософистицирани уреди, како и предмети за специјални намени (на пример, детектори за гас) или оние со специфични функции како што се PET опција за миленици или дополнително LED осветлување .

Исто така, контролата во системот базирана на централата од серијата VERSA може да се прилагоди според потребите и преференците на корисникот.

Тоа може да се спроведе на три начини.

Прво, локално, користејќи разни видови тастатури: од обични до уреди со екран на допир.

Второ, од далечина, односно безжично со користење на лесна и интуитивна VERSA CONTROL мобилна апликација VERSA CONTROL.

Трето, и локално и од далечина, користејќи ја апликацијата MyVERSA, која е достапна преку веб-пребарувачот. И двете апликации нудат иста функционалност, па кога не можете или не сакате да користите паметен телефон, искористете ја MyVERSA – на вашиот компјутер. Без оглед на тоа кој начин на управување ке го одберете, можете да имате пристап до системот од било каде во светот.

Алармната централа VERSA Plus е доста компактно решение. Контролниот систем базиран на VERSA Plus обезбедува повеќе начини за комуникација, способност за далечинско управување, како и флексибилност на инсталацијата. Тоа е удобно, сеопфатно и економично решение за сите!

Инсталирањето на системот, чие срце е VERSA Plus, е брзо и лесно. Освен тоа, ако се одлучите за целосно безжична опција, ќе ги избегнете градежните работи, кои инаку би биле неопходни ако треба да се постават каблите. Така ќе заштедите време, како и пари за буџетот за вашето домаќинство.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА НАШАТА ПОНУДА НА ИНТЕЛИГЕТНИ АЛАРМНИ СИСТЕМИ  (ЦЕНОВНИК)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *