Визард Системи вработува: (1) Електроинжењер за безбедносна опрема

Визард Системи вработува еден (1) Електроинженер за изведба, пуштање во работа и одржување на системи за детекција и дојава на пожар, системи за видео надзор, системи за контрола на пристап, системи за детекција на упад/кражба, системи за јавна објава и озвучување, системи за броење на посетители, системи за детекција на чад за деловни и индустриски објекти.

За компанијата

ДТУ Визард Системи ДООЕЛ е компанија која работи повеќе од 15 години со професионални тимови за продажба, инсталација, изведување на проекти, одржување и консултации за сигурносни системи:

  • Видео надзор
  • Алармни системи и радио врски
  • Детекција и дојава на пожар
  • Контрола на пристап и евиденција на работно време
  • Автоматика за врати, рампи и паркинг системи
  • Домофонија и видеодомофонија
  • Мрежна опрема
  • Банкарска опрема
  • Специјални сигурносни производи
  • Озвучување на објекти
  • Домашна автоматика
  • Заштитни огради
  • Мониторинг станици
  • Сигурносни пломби

ДТУ Визард Системи ДООЕЛ е сертифицирана компанија со имплементирани стандарди:

  • ISO 9001:2015 (ISO стандард за управување со квалитет)  
  • ISO 14001:2015 (ISO стандард за управување со животната средина)
  • Поседува ЛИЦЕНЦА ЗА ТЕХНИЧКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ издадена од МВР на Р. Македонија за вршење на приватно обезбедување во вид на давање на услуги врз основа на исполнети услови од член 13 од Законот за приватно обезбедување.
  • Поседува специјализиран и обучен кадар за работа со безбедносни системи и техничко обезбедување. Високостручниот кадар кој преку тековни конференции, семинари за обука и тренинзи е оспособен за одржување на сите напредни системи што ги нуди на пазарот.

Кандидатот треба да има познавања од:

  • Работа на проекти и монтажи/инсталации со видео надзор и безбедносни системи
  • Возачка дозвола Кат. Б
  • Работно искуство во иста или слична бранша минимум една година
  • Разбирање на производите од категоријата на безбедносна опрема
  • Подготвеност за тимска и теренска работа со зададени рокови
  • Дијагностика на дефекти
Вашeто “CV” пратете го на toni.stojanovski@wizard.com.mk. Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани. За повеќе информации јавете се на 02 246 9999.

ДТУ Визард Системи ДООЕЛ
ул. Црноризец Храбар 32, Скопје
02 246 9999
contact@wizard.com.mk

Работно време

Понеделник / Петок: 09:00 – 17:00 часот
Сабота: 10:00 – 16:00 часот
Недела: Неработен