Детекција и дојава на пожар

Детекција и дојава на пожар

АВТОМАТСКА ДЕТЕКЦИЈА НА ПОЖАР

Многу малку домови во Македонија имаат систем за детекција на пожар. Со вградувањето на овие системи не само што ќе го заштитите вашиот дом од пожар туку ќе ги заштитите вашиот и животите на вашите најблиски во случај на истиот.

Вашата инвестиција може да ја снема за десетина минути. Се што поседувате може да се вивне во пламен, а тоа што пламенот нема да го уништи, ќе го уништи водата која ќе ја применат пожарните служби да го локализираат пожарот. Детекцијата на пожар може да значи и заштита врз животот на вработените, на имотот кој го штитите. Детекцијата се врши со сензори за чад, сензори за топлина и сензори на пламен. Поврзани на систем кој може да биде конвенционален или адресибилен, односно секој сензор да има своја сопствена адреса и име во зависнот од тоа каде е поставен сензорот. Тоа допринесува за брзо лоцирање на изворот на пожар во некој комплексен објект кој има многу простории.

Со цел да се намалат последиците од пожарот, важно е пожарот да се открие во рана фаза. За рано откривање на пожарот се користат физички величини кои го карактеризираат неговото настанување како што се присуство на дим, зголемување на температура или појава на пламен.

 

iStock_000013699944XLarge

Според значењето што го имаат во заштитата на објектите, како и имотот и лицата во нив, противпожарните (ПП) системи секако треба да имаат приоритет во однос на сите останати безбедносни системи. Имено, доколку правовремено не се открие, дојави и отклони пожарот, последиците од него може да бидат катастрофални. Затоа, со позитивните законски прописи кај нас, ПП системите се задолжителни за сите поголеми јавни објекти.

Брендот Unipos има најдобри и најквалитетни детектори за пожар по најповолни цени. Повеќе нема потреба од грижа и постојано да се размислува дали е сè во ред во Вашиот дом. Доколку детектираат чад, Unipos системите веднаш испуштаат интензивен звучен сигнал, воедно со можност за додавање на телефонска дојава во случај на пожар. Со оваа опција Вие секогаш ќе бидете спокојни каде и да сте.

ВИЗАРД СИСТЕМИ НУДИ ПРОДАЖБА И МОНТАЖА НА УРЕДИ ЗА ДЕТЕКЦИЈА НА ПОЖАР

1. Детектор за пожар

Детектор на пожар претставува уред кој што го детектира местото каде што има избиено пожар и во истиот момент испраќа сигнал до пожарната централа.

Детекторите за пожар можат да бидат:

  • Димно оптички – детектира чад односно има оптички уред кој доколку е покриен со чад оптичката врска се прекинува и се испраќа сигнал до централата.
  • Tермички – доколку температурата околу сензорот се покачи над одредена температира истиот испраќа сигнал до централата.
  • Или комбинација од двата типа на детектори.

2. Пожарна алармна централа

Пожарна централа претставува уред кој што ги процесира сигналите од детекторите на пожар, односно ја гледа точната локација на пожарот, испраќа дојава до соодветна служба за брза реакција и испраќа сигнал до алармната сирена која свучно го известува персоналот за да се евакуира од објекот.

3. Пожарна сирена

Пожарна сирена претставува уред кој што прима команди од алармната центрла и звучно известува доколку се случи пожар, овој уред користи за известување за евакуација на персоналот на објектот

4. Рачна дојава за пожар

Доколку човечкиот фактор односно персоналот на објекот прв го детектира избивањето на пожарот се користи овој уред за брзо рачно активирање на алармната централа.

5. Целосен систем за дојава на пожар

Ценовници

Ценовник

Погледнете ја целосната листа

Види ценовник