Зошто противпожарните алармни се потребни и значајни?

Зошто противпожарните алармни се потребни и значајни?

Многу луѓе немаат инсталирано противпожарни системи во своите домови. Многумина претпоставуваат дека можат да го осетат мирисот на чад кога спијат и да се разбудат навреме за да избегаат во случај на пожар. Но, ова воопшто не е така. Многу истражувања се спроведени и докажано е дека сонот на луѓето се нарушува кога има звук или бучава, но НЕ и кога има одредена миризба. Нашето чувство за мирис се минимизира кога спиеме, и ние не би се разбудиле без разлика на тоа колку е силен мирисот на чад.

Многу луѓе сериозно не ги сфаќаат противпожарните аларми, и многумина не ги тестираат или проверуваат своите алармни системи редовно. Единственото нешто што може да ве предупреди на вас, вашето семејство и колеги 24/7 часа/неделно од пожар е звукот на добро инсталиран и одржуван систем за противпожарен аларм. Алармите за пожар се важни затоа што тие можат да ви дадат рана сигнализација на нешто што би можело да биде трагично – односно да навремено го спасат вашиот живот.

Проивпожарниот аларм ве известува кога сте зафатени, работите или спиете. Затоа можете да преземете дејство пред да се случи голема штета, со што ќе заштедите трошок од губење на имот , како и губење на најважното нешто-човечкиот живот.Повеќе од половина од домашните пожари се случуваат во домовите што немаат аларми за пожар, а најчесто во текот на ноќта, што резултира со голем број на смртни случаи.

Раното откривање може да ве ослободи од ситуација која потенцијално би можела да се претвори во трагедија.

Бидете сигурни дека исто така ќе го известите вашето семејство и пријатели за важноста од инсталирање на системи за противпожарни аларми.

Еве неколку совети за безбедност и одржување кои треба да ги имате на ум:

*Инсталирајте аларм за пожар во секоја соба во куќата, особено каде што спиете, и во секоја канцеларија на една компанија.

*Проверете ги вашите батерии со знаци на корозија или траење на батеријата. Заменете ги батериите еднаш годишно.

*Бидете сигурни дека ќе ги научите вашите деца што да прават кога ќе го слушнат звукот на пожар.

*Проверете ги алармите за пожар најмалку еднаш месечно.

*Не ставајте боја над алармите за пожар и не ставајте ништо врз нив, бидејќи тоа може да го попречи нивното функционирање.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА НАШАТА ПОНУДА И РЕШЕНИЈА - ПРОТИВПОЖАРНИ СИСТЕМИ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *