Како AI-вештачката интелигенција го менува функционирањето на видео надзорот?

Вештачката интелигенција (АI) е во подем во последно време. Можеби поврзаноста околу видео надзорот со вештачка интелигенција e збунувачкa, но придобивките се јасни.

Вештачката интелигенција за видео надзор користи компјутерски софтверски програми кои ги анализираат сликите од камерите за видео надзор со цел да ги препознаат луѓето, возилата или предметите. Безбедносните изведувачи го програмираат софтверот да ги дефинира ограничените области кои ги опфаќа камерата (како што е оградена површина, паркинг, но не тротоарот или јавната улица) и да снима одредено време (период) од денот (како што е по завршување на деловното работење) за имотот што е заштитен со видео надзор. Вештачката интелигенција AI испраќа предупредување ако открие некое злосторство кое ги крши правилата што не се дозволени на конкретното подрачје во тоа време од денот.

Факт е дека денес има премногу камери инсталирани во светот и премногу промени се случуваат за да производителите може да држат чекор со сите нив. AI е технологија која не здодосадува и може да анализира повеќе видео податоци отколку што луѓето самите можат. Видео надзорот со вештачката интелигенција се истакнува при најважните настани и увидот на корисниците, овозможувајќи им да го направат она што го прават најдобро: да донесат критична одлука. Постојат две области каде вештачката интелигенција може да има значајно влијание врз видео надзорот денес: пребарувањето и фокусот на внимание.

Никој нема да го негира тоа дека улогата на AI во безбедноста денес е доста важна. AI-управуваниот софтвер за видео надзор помага да се намали износот на времето поминато врз надзорот, со што безбедносните оператори се поефикасни и поефективни на нивните работни места. Со отстранување на потребата постојано да се гледаат видео-екраните и автоматизирање на функцијата за “откривање” на надзор, АI технологијата им овозможува на операторите да се фокусираат на она што го прават најдобро: да потврдат и дејствуваат при критични настани.

AI го менува видео надзорот секој ден и го прави поиздржлив, попрактичен и покорисен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *