3 причини зошто на Вашиот бизнис му треба Видео Надзорен Систем

Како одговорен сопственик, секогаш е добра идеја да инвестирате во нови технологии кои ќе му помогнат на вашиот бизнис. Една од технологиите во кои можете да инвестирате се видео надзорните системи (CCTV). Камерите лесно може да ги заменат другите безбедносни методи, како што се чуварите на пример, каде камерите со сигурност нудат поголема безбедност а и исто така се по евтини.

Но, тоа не е единствената причина зошто треба да инсталирате видео надзор; во продолжение прочитајте 3 причини зошто на Вашиот бизнис му е потребен видео надзорен систем.

1. Спречување на криминал

Една од придобивките за кои луѓето прво размислуваат за видео надзор е неговата способност да спречи криминал. Ова не е неосновано; имало студии што покажуваат дека добро поставената безбедносна камера, особено кога е надополнета со решение за контрола на пристап до вашата канцеларија, може да го намали криминалот во целина, и до 70%. Оваа намалена стапка на криминал може да значи стотици евра заштедени од вашата деловна активност.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА НАШАТА КОМПЛЕТНА ПОНУДА И ЦЕНОВНИК ЗА ВИДЕО НАДЗОРНИ СИСТЕМИ


Видео надзорните системи се големо богатство, особено за деловните активности во производство и комерција. За секој добар сопственик, безбедноста треба да биде еден од најголемите приоритети во локали кои се подложни на опасност или за кои е познато дека привлекуваат криминално однесување. Покрај ова, може да се вклучат и други опасни места, како што се локали подложни на оган, како кујни и простории за архиви, или пак места со многу жици и голема инсталација.
 
Камерите кои се квалификувани да работат во околини склони кон ризик или пак на надворешни временски промени, како што се надворешните Bullet камери, или PTZ камери, можат во голема мерка да ги намалат ризиците што се присутни на овие простори. Додека овие специјални камери можат да бидат поскапи од другите модели, тие постојано докажуваат дека се добра инвестиција. Погледнете ја нашата понуда на камери – кликнете тука.

3. Мобилен мониторинг (следење на камерите преку Вашиот smartphone)

Ако користите IP CCTV, вашата база со снимки веднаш се зачувува на посебен дравј или “cloud” простор. Без разлика дали присуствувате на состанок во странство или едноставно сте на службено патување, IP-камерата може да ви овозможи да внимавате како работи бизнисот со притискање на едно копче на Вашиот телефон. Како бонус, IP CCTV Ви овозможува снимка со поголема резолуција, бидејќи IP-камерата побрзо го пренесува својот пренос(трансфер на снимка), па дури и има многу повеќе функции од веќе познатите аналогни камери.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА НАШАТА КОМПЛЕТНА ПОНУДА И ЦЕНОВНИК ЗА ВИДЕО НАДЗОРНИ СИСТЕМИ