ДТУ Визард Системи ДООЕЛ е сертифицирана компанија со имплементирани ISO стандарди за управување:

Овие стандарди се однесуваат на системот за управување за следниот опсег: продажба, инсталација, одржување и консултации за безбедносни системи: видео надзор, алармни системи, детекција на пожар, контрола на пристап и евиденција на работно време, автоматика на врати и паркинг системи, видео домофонија, ИТ и мрежни системи, банкарска опрема.

Со имплементацијата на ISO стандардите компанијата посебно се фокусира на задоволството на клиентите, како и за постојано подобрување на процесот на управување.

ВИЗАРД СИСТЕМИ  ја утврдува оваа политика за квалитет и околина заради обезбедување услугите кои им ги испорачува на клиентите, во целост да ги исполнуваат нивните искажани реални барања и да бидат со важечките законски прописи и национални и меѓународни стандарди.

Насоченоста кон потребите на клиентите и задоволството на клиентите од извршената работа се најважните вредности според кои ВИЗАРД СИСТЕМИ ја мери и ја одредува својата вкупна успешност.

За постигнување, одржување и зајакнување на тие вредности, трајно се обврзуваме:

  • Да вработуваме стручен и амбициозен персонал кој ќе има можност и обврска постојано да се развива и усовршува
  • Да набавуваме најсовремени материјали и опрема, како и да ја одржуваме и подобруваме инфраструктурата и околината за пријатна работа
  • Да негуваме и развиваме партнерски односи со добавувачите
  • На клиентите да им се нудат најоптимални и целосни решенија
  • Да се реализираат решенија кои во целост ги подржуваат барањата и потребите на клиентите
  • Да се води грижа за животната срeдина и околина
  • Рационално да ја трошиме енергијата, суровините и останатите природни ресурси
  • Да спречуваме создавање на отпад и вршиме класифицирање на отпадните материјали според можностите за нивно рециклирање
  • Одговорност кон вработените преку воведување на безбедносни мерки, намалување на ризикот од повреди и здравствени проблеми
  • Да се применува и подобрува ефикасноста на системите за управување со квалитет и околина втемелени на барањата на меѓународните норми ISO 9001:2008 и ISO 14001:2004 и да се тежнее кон надминување на висината на тие барања
  • Да поставуваме амбициозни, мерливи и остварливи цели за квалитетот и околината

Секој вработен во компанијата мора да биде запознат со политиката за квалитет и околина, да ја сфати, прифати и почитува како трајно начело во сопственото работење.

Политиката за квалитет и околина се издава како самостоен документ кој го потпишува управителот на компанијата и има статус на управуван документ.