Видео надзор – типови и разлики помеѓу нив

Aналоген видео надзор


Стандардниот видео надзор кој е најдолго присутен на пазарот и се уште е најчесто инсталиран на домашниот пазар е аналогниот и тоа токму поради ниско прифатливата цена.
Аналогниот видео надзор се состои од аналогни камери кои се поврзани со снимачот преку коаксијален кабел RG59 .
Кабелот за напојување е потребен за да обезбеди напојување на камерите. Најголемата резолуција што аналогниот видео надзор може да ја обезбеди е 1200 ТVL.

IP (Internet protocol) видео надзор


IP видео надзорот е посовремен вид на видео надзор за разлика од аналогниот. Комуникацијата или преносот на податоци се врши преку FTP кабел.
Постојат бројни предности над аналогната технологија, но главната е квалитетот на видео материјалот односно сликата.
Резолуцијата обезбедена од IP камерите е HD(High Definition), односно 720р како најниска резолуција и 4К приближно 8,5 мегапиксели .

HDCVI (High Definition Composite Video Interface) видео надзор


HDCVI видео надзорот има една многу важна предност, а тоа е максималната должина на кабелот за поврзување кој обезбедува да нема губење на јачината на сигналот, а таа должина е 100 метри.
Оваа технологија е меѓу првите што Dahua technology ја користеле на својата опрема за видео надзор.
Најмалата можна резолуција е 720p или 1 мегапиксел, а најголемата е 4К односно 8,5 мегапиксели, а преносот е преку коаксијален кабел.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *